top of page
Младинско Драмско Студио – Театар “Чин 4 Сцена 5”
Имам играно три театарски претстави пред голема публика.

„Жените на Џејк“

-Нил Сајмон
во режија на Борче Василески
Претставата е психолошка драма која во голема мера го отсликува самиот живот на авторот. Се зборува за шест жени кои преку начините на кои му ја искажуваат својата љубов, го излудуваат Џејк. Ја играв улогата на Шила една од шестте жени на Џејк.

                          „Како научивме да стоиме под сонцето“

 -Григ Ален 
во режија на Борче Василески
Претставата е фрагментарна , составена од 25 кратки претстави кои припаѓаат на неофутуризмот. Младите актери аматери на комичен и апсурден начин ќе ви пренесат порака за младешката бунтовност, стереотипите и предрасудите, за машината во која живееме денес и за храброста.
“Човекот е слободен толку, колку што самиот ќе одлучи да биде”.

                                               „Бубамарите“

-Тони Лејтон
во режија на Саша Нацевски 
 Претставата е со специфичен начин на хумор. Станува збор за стереотипите и предрасудите кон повозрасната популација. Селската театарска трупа на Горно Сливово ги изгуби сите мажи. Трупата е пред распаѓање, кога една млада режисерка, нуди помош. Ги убедува членовите на учество на фестивал со претстава која самата ја напишала. Драмата е контроверзна и "моралните" власти се обидуваат да ја спречат. Дали ќе успеат?
Сакав да одам по чекорите на моето музичко семејство. Но, тоа не успеа. Единствено што ми преостана... Е да "крадам" од знаењето на моите родители.
All Videos

All Videos

Watch Now

                                  „Летна театарска школа“

                           Член на Литературниот клуб - Прилеп 

                                           Други активности

♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥
bottom of page